Мраморен колач
Состојки
- за паниспанја 3 јајца
- 4 лажици брашно
- 1 пециво
- 1 ванила
- 3 лажици масло
- за фил 1 литар млеко
- 1 пудинг од ванила
- 4 лажици густин
- 150гр. шеќер
- 2 пакетчиња желатин
- 2 јајца
- 20мл. вода
- 1 пакетче шлаг крем од ванила
- 100гр. црно чоколадо
- 100гр. бело чоколадо
- 5 лажици шеќер
Подготовка
Започнуваме со подготовката на паниспањата
Ги делиме белките од жолчките и белките ги биеме со шеќерот. Кога ќе се избијат убаво се додаваат жолчките една по една. Убаво биеме со миксерот и ги додаваме маслото, брашното, пецивото и ванилата.
Паниспањата ја печиме во тркалезен калап со хартија бр.30 на 180 степени околу 25 мин.
Во меѓувреме го вариме филот
Млекото го мешаме со густинот, пудингот од ванила и шеќерот. Кога ќе се замлачи млекото ги додаваме двете жолчки претходно биени со миксер и се убаво вариме додека да се згусти филот. Кога ќе биди млак (повеке кон ладен)во филот го додаваме желатинот претходно измешан со водата( и набубрен) и уште еднаш енергично мешаме со миксер за се да се изадначи убаво.
Филот го оставаме во фрижидер околу 1 час и потоа во него ги додаваме 2 белки биени со 5 лажици шеќер. Ги биеме во цврст снег и потоа го додаваме и шлаг кремот од ванила и биеме да се добие изедначен фил. Филот го делиме на два дела, во едниот дел ставеме топено црно, а во другиот дел топено бело чоколадо.
Над паниспањата со лажица за сладолед ставаме наизменично од двата фила, фил ставаме два реда. Околу колачот со шприц ставив само од белиот фил, а ако не ви остани можите да украсите со биен шлаг.