Мајска пита
Состојки
- 8 јајца
- 18 лажици брашно
- 200 гр доматно пире
- 100 гр кашкавал
- 1 кесичка пециво
- 2 парчиња пилешки стек
- 1 кромид
- 1 лажица мешан сув зачин
- 6 лажици масло
- 100 гр сирење
Подготовка
Во загреано масло се пропржува кромитчето, па се додава блендираниот пилешки стек.
Се посолува и се додава дробеното сирење.
Се остава на страна да истине.
Се матат јајцата со една лажица мешан сув зачин.
Се додава брашното и пецивото, а на крајот се додава пржениот стек.
Така подготвената смеса ја прелеваме во намастена и набрашнета тава.
Печеме повремено проверувајки колку е печено.
Вадиме од рерна.
Префрламе во чинија и чекаме да истине.
Кога е млако, премачкуваме со доматно пире па рендаме кашкавал врз него.
Сечеме на осминки и послужуваме