Пилешко со маслинки
Состојки
- 500 гр. пилешки стек
- 1 црвена пиперка
- 50 гр. црни маслинки
- 1 мала главица кромид
- 200 гр. кисела павлака
- 2 моркова
- малку магдонос
- сол и бибер по вкус
Подготовка
Кромидот, морковот и црвената пиперка ситно се сецкаат. Се ставаат во тава на оган со малку зејтин да се пропржат.
Во сето тоа се додава исецканиот пилешки стек. Се промешува и се остава да се динста 20 минути за да биде готов стекот.
На крај се додаваат маслинките, киселата павлака и магдоносот.
И ручекот за многу кратко време и со лесна постапка е спремен.