Здравје за секого
Состојки
- 200 мл мед
- 200 гр сецкани ореви
- 200 гр суво грозје
- 200 гр цвекло
- 200 гр морков
- 2 лимони
Подготовка
Едноставно,вкусно а пред се здраво.
Ако имате проблем со крвната слика слободно пробајте со овој рецепт нема да згрешите се користи 3 пати дневно по 1 супена лажица. Јас го користам и ви го препорачувам, можеби не е за тука овој рецепт меѓутоа сакав да го споделам со вас.
Цвеклото, морковите и лимонот се рендаат и потоа се додаваат сите останати состојки се меша убаво и се полни во литарска тегла се чува во фрижидер.