Испечати

Запечено пире со зеленчук и пилешко месо

Запечено пире со зеленчук и пилешко месо

Состојки

  • пире
  • 1кг компир
  • 4 лажици путер
  • 400мл млеко (малку сол или мешан зачин)
  • фил
  • 3 големи парчиња стек (не мариниран,саламурен или било како зачинуван)
  • 150гр боранија
  • 150гр грашок
  • 3 моркова
  • 2 кисели краставички
  • 2 врзла млад кромид
  • 150гр пушено пилишко филе
  • 1/2 лажичка благ буковец
  • 1/2 лажичка оригано, малку бибер и мешан зачин
  • 300гр кашкавал
  • 50гр сусам

Подготовка

Ова е вкусен и лесен ручек, одличен е за деца кои не го сакаат зеленчукот, а ние родителите се трудиме да јадат колку што можат повеќе. Рецептот е моја креација неколку години го подготвувам, а идеата ја добив од горенаведената причина.

Подготовка
Пилешките стекови ги ставаме во тава заедно со боранијата, грашокот и морковот, тавата ја покриваме и ставаме во релна половина час. Во тава за пржење на тивок оган ги пржиме ситно сецкано младо кромидче додаваме сечкано пилешко пушено филе, киселите краставички и целиот зеленчук кој предходно сме го свариле.
Одкако малку го пропрживме во тавата го додаваме и пилешкиот стек ситно исецкан и повторно целата смеса ја пропржуваме многу кратко и зачинуваме.
Во тенџере го ставаме компирот предходно излупен и исечен на покрупни парчиња налеваме вода и вариме петнаесетина минути. Откако компирот е варен префрлете го во пластичен сад за матење и со миксер почнете да матите. Додадете го путерот и почнете повторно да матите постепено додавајте го и врелото млекото додека не се разбијат сите грутки компир. Пирето пробајте го во компирите пред да почнете да ги варите ставите малку сол подоцна кога ќе завршите со матење доколку не ви е солено додете сол по ваш вкус.
Тавата ја подмачкуваме со масло пред да почнеме да ги редиме состојките, а на крај завршуваме со кашкавал и малку посолуваме сусам.
Сега започнуваме со редење на состојките на почеток почнуваме со пирето ставаме еден слој врз него рендаме кашкавал ставаме од филот повторно рендаме кашкавал и така додека не го потрошиме филот и пирето.
Печеме дваесет минути на 200степени.
Доколку сакате да вадите убави коцки чекајте да се излади.
Сакам да напишам уште дека во состојките може да се додаде зеленчук по ваша желба или желба на дечињата на пр.брокула,карфиолот,спанаќ....
Добар апетит!!