Испечати

Mини хот дог (без киснење)

Mини хот дог (без киснење)

Состојки

  • 200 мл млако млеко
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 600 грама брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажиче сол
  • 200 мл павлака
  • 100 мл масло
  • за премачкување
  • 4 полни лажици сенф
  • мала кесичка кечап
  • фил
  • 8 виршли пресечени на пола, па пак по должина на половина
  • за премачкување
  • 2 лажици масло
  • за наросување
  • сусам ленено семе, ким .....

Подготовка

Овој рецепт се спрема за час. Имав гости со спиење дома и ги изненадив со вкусен доручек и беа воодушевени. Брзо се прават и многу се вкусни.
За младите домакинки или за оние кои не знаат баш да месат или сучат - ова е рецепт со кој ќе ги изненадите сите.

1. Најпрво во млакото млеко ставете го квасецот и шеќерот и оставете да запени 10тина мин.
2. Во поголем сад (вангла) каде што ќе месите ставете го брашното, пецивото и солта и измешајте со рака. На средина направите дупка и додадете го маслото и киселата павлака. Убаво со рака измешајте. Потоа додадете го квасецот и измесете го тестото додека сите состојки не се соединат.
3. Одма извадете го на работната површина, измесете го уште малку и поделете го на 4 делови.(слика)
4. Секој дел на набрашнета површина исучете го во форма на правоаголник тенок околу 5мм.
5. Премачкајте го тестото со сенф, ставете од кечапот (слика) но не до краевите затоа што кога ќе ги виткаме хот-дозите да не истече. Од горе наросете оригано.
6. Тестото пресечете го по должина на пола, па ставете ги виршлите на средина. СОВЕТ- прво ставете ги виршлите па потоа сечете ги одделно хот-дозите(слика)
Виткаме од внатре нанадвор (слика).

Постапката ја повторуваме и со останатите 3 делови од тестото.
Треба да добиете од секој дел по 8 парчиња т.е 4 * 8 = 32 парчиња.

Хот-дозите ги ставаме на намрсен и набрашен плех , одгоре ги премачкуваме со смесата од жолчка и масло и од горе наросуваме сусам, ленено семе, ким или што и да посакате.
Печеме во загреана рерна на 180-200 степени во зависност од рерната додека да поруменат (кај мене околу 20 мин)

Многу се убави и меки а и наредниот ден се убави чувајте ги во ќесе откако ќе оладат.
П.С
Ако сакате ставајте по половина виршла, меѓутоа според мене вака се поубави.
Топло ви ги препорачувам.
На здравје !