Испечати

Нутри супа

Нутри супа

Состојки

  • половина главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 1 рака смрзната брокула
  • 1 рака смрзнат карфиол
  • 1 рака смрзнат грашок
  • 1 рака шампињони
  • 1 полна лажица мешан сув зачин
  • 1 лажиче сол
  • прстофат бибер

Подготовка

Веќе е време за диети и оваа супа е од нутриционистка која прави диети за слабеење и затоа и името и е нутри супа.
Според диетата не смеам да јадам компир и затоа го нема во состојките. Ако се решите да ја направите може да ставите зеленчук по ваш избор. Како што можете да забележите не користам готова коцка за супа.

Најпрво на тивок оган на една лажица маслиново масло го пропржуваме ситно сецканиот кромид и лукот, па потоа ги додаваме морковите сечкани на мали коцкички и нив малце ги пропржуваме и додаваме еден литар вода. Со покриен капак оставаме да зоврие и да повари околу 10 мин. па ги додаваме сечканите печурки, брокулата, карфиолот и грашокот и вариме уште 5 до 10 мин. Ги додаваме зачините ( пробајте за вкус можеби ќе сакате нешто плус да ставите) и пред крајот додаваме ситно сечкан магдонос.
Супата е готова.

НАПОМЕНА
Јас дома имам нон стоп смрзнат грашок, карфиол и брокула баш за супата, а ако користите свеж зеленчук ставете ги на почетокот за да се сварат.
Јас ја подготвувам со овие состојки а ако сакате како што реков ставете што ви душа сака. Супата е вкусна и е многу здрава. Ќе биде уште поздрава ако користите здрави зачини. Се надевам ќе ви се допадне.
На здравје !