Испечати

Брза салата од сардина

Брза салата од сардина

Состојки

  • 1 конзерва сардина
  • 2 млади кромидчиња
  • 1 лажица мајонез

Подготовка

Цееел живот сардина јадам само со кромид и откако ми кажаа за овај начин на подготовка само вака ја правам.
Состојките се само за 1 лице ако правите за повеќе зголемете ги количините.

Сардината заедно со маслото ги истураме во длабок сад, ако сакате исчистете ги коските ако не не мора меки се нема да се осетат, а ако правите за деца обавезно исчистете ги.
Сардините ги гмечиме со вилушка, ги додаваме мајонезот и ситно сечканиот кромид, зачините и мешаме со лажица. И толку - готово е !
Украсуваме со една маслинка и кај мене обавезно лут буковец.

НАПОМЕНА
Ако сакате може да користите и стар кромид. Немој да мислите дека и масло и мајонез ќе биде многу мрсно, баш напротив совршена е комбинацијата.
Ако користите посен мајонез може да биде и посно.
На здравје !