Испечати

Пилешки прсти

Пилешки прсти

Состојки

  • 700гр. пилешки стек
  • 2 јајца
  • 100мл. пиво
  • 5-6 лажици брашно
  • 1 лажичка мешан сув зачин
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици сенф
  • 5-6 лажици презла
  • 200мл. масло
  • 200мл. млеко

Подготовка

Стековите се сечат на долги парчиња со дебелина колку прстот, се зачинуваат, се премачкуваат со сенфот и се ставаат во сад и се налеваат со млекото. Така се оставаат да стојат околу 30 мин.а можите и повеќе(ако имате време).
Настрана ги делиме жолчките од белките. Ги биеме жолчките и ги додаваме во пивото и брашното. Потоа ги додаваме и белките биени со миксер во цвсрт снег и се заедно мешаме (белките и смесата со жолчките).
Стековите ги вадиме од млекото ги мацкаме во смесата од јајца, а потоа и во презлата и ги пржиме во врело масло. Кога ќе ги испржиме ги оставаме на кујнска хартија да се впие мрснотијата.