Сува кокос торта во редови (без печење)
Состојки
- темен дел
- 100 мл млеко
- 13 лажици шеќер
- 125 грама маргарин
- 1 ванила
- 1 лажица какао
- 300 грама мелени бисквити
- светол дел
- 100 мл млеко
- 13 лажици шеќер
- 125 грама маргарин
- 1 ванила
- 200 грама кокос
- 50 грама мелени бисквити
- за украсување
- 1 кесичка шлаг крем
- млеко според упатството на кесичката
Подготовка
Сигурно многу од вас ќе ги препознаат состојките, ова е смеса за бомбици. Меѓутоа сакав да пробам да видам како би било за торта и ете успеа.
Темен дел
1. Млекото, шеќерот, ванилата, маргаринот (исечен на помали делови) и какаото ги ставаме во тенџерче на тивок оган и постојано мешаме да се соединат состојките, но да не зоврие.
2. Мелените бисквити ги ставаме во поголем сад, ги преливаме со топлата смеса и мешаме да се соедини.
Светлиот дел се подготвува на истиот начин.
1. Млекото, шеќерот, ванилата и маргаринот ги ставаме во тенџерче на тивок оган и мешаме додека се соединат состојките, но да не зоврие.
2. Кокосот и бисквитите ги ставаме во поголем сад ги преливаме со топлата смеса и мешаме.
Во силиконски правоаголен калап (ако немате силиконски обложете го со најлонска фолија за полесно да ја извадите тортата) ставаме прво од темниот дел и порамнуваме. Може да работите со лажица но мене ми беше полесно со раце.
Па ставаме од светлиот и така наизменично доколку се потрошат двете смеси.
Ја оставаме тортата да се излади во фрижидер околу 1 час, ја вадиме од калапот ( ако имате силиконски многу лесно излегува) и од горе ја украсуваме со шлаг кремот.
НАПОМЕНА
Ако ви остане од смесите може да направите бомбици или ко мене мали колачиња во калапите за мафини (слика)
Ви препорачувам тортата да ја чувате на поладно место, не во фрижидер, бидејќи многу ќе се стврдне и тешко ќе се сечи.
П.С може да биде и ПОСНО доколку користите посни бисквити и посно млеко.
Се надевам ќе ви се допадне.
На здравје!