Пилешка месна векна со зеленчук
Состојки
- 1/2 кг пилешко месо
- 4 кришки сув леб
- 1/2 чаша млеко
- 1 јајце
- 1 рамно лажиче лук во прав
- 2 лажици сецкан магдонос
- 1/4 лажиче црн бибер
- 1/4 лажиче мелено мускатно оревче
- 1 рамна лажица мешан сув зачин
- по желба сол
- 250 гр грашак од конзерва
- 200 гр конзервирана пченка
- 4 лажици презла
Подготовка
Лебот потопете го во млекото. Месото измелете го со помош на сецко или некој сличен таков апарат. Потоа заедно сите состојки се мешаат, од кои на крај внимателно се вмешуваат грашокот и пченката.
Смесата е доволна за да се испечат 2 векнички во силиконски калап за векни, но доколку сакате во нешто друго, а не е силиконско, тогаш премачкајте го со масло и посипете го камлапот или тепсијата со презла, па потоа подготвената смеса.
Печете на 190 степени околу 45 минути.
Послужете како мезе или во комбинација со некоја свежа салата.
* На оваа слика јас мал дел од пилешкото месо (само стек) заменив со мелено, па доколку би се правело само со пилешки гради (без делови од месото од копан), очекувајте на крајот уште посветол изглед на векната.