Испечати

Медена крем торта

Медена крем торта

Состојки

  • потребно за кора
  • 2 јајца
  • 2 лаж мед
  • 200 гр шеќер во прав
  • 300 гр брашно
  • 200 гр маргарин
  • 0,5 лажичка сода бикарбона
  • за крем потребно
  • 4 пудинга ванила
  • 12 лаж шеќер
  • 1 маргарин
  • 100 гр прав шеќер
  • 500 мл слатка павлака
  • 1 литар млеко

Подготовка

Подготовка на тестото.
Во длабок сад ставете го брашното, шеќерот во прав, медот и јајцата промешајте да се соединат состојките. Додадете стопен маргарин и сода и измешајте се заедно.
Тестото поделете го на два дела.
Во плек обложен со хартија со шпатула ширете го тестото.

Во загреана рерна печете на 200 степени 6 минути внимавајте да не го препечете тестото. Така испечете ги двете теста.

Подготовка на крем.

Во 2/3 од млекото ставете шеќер и ставете го да зоврие во другиот дел растворете го пудингот. Додадете во млекото и сварете густ крем кога ке се олади соединете со претходно изматен маргарин и прав шеќер.

Слатката павлака изматете ја да добиете цврст крем.

Редете кора, ванила крем, слатка павлака, кора. Тортата пред сечење оставеда да остои во замрзнувач еден ден, па потоа извадете ја и исечете на коцки можете да ја посипете и со прав шеќер.