Овошни коцки
Состојки
- За кора
- 7 јајца
- 12 лажици шеќер
- 7 лажици врела вода
- 1 лажица масло
- 11 лажици просеано брашно
- 1 пециво
- За делот со овошје
- околу 300гр. свежи јагоди (а, можи и замрзнати капинки)
- 2-3 лажици шеќер во прав
- За филот
- 1,5 литар млеко
- 15 лажици шеќер
- 3 пудинзи од ванила
- Над филот
- 2 шлаг креми од ванила ( или можи шлаг пени)
Подготовка
Вкусен овошен колач кремаст, пенаст, без маргарин... лапни-голтни...
Белките со шеќерот ги матиме во цврст снег, постепено ги додаваме жолчките, една по една, потоа ја додаваме (лажица по лазица) водата, па маслото и на крај брашното помешано со пецивото ( со намалена брзина на миксерот-1).
Се истура во правоаголна тава бр. 40 ( намрсена и набрашнета).
Се става да се печи во претходно загреана рерна ( 5 мин. на 200 степени) и се печи 25-30 мин. на 180 степени или кој како си печи во зависност од рерната...
Во меѓувреме го спремаме овошјето - јагодите ги чистиме, миеме, сечиме на пола.
За филот- го вариме пудингот ( во зовриеното млеко со шеќерот го додаваме разматениот пудинг и вариме до потребната густина).
Ги матиме и шлаг кремите или шлаг пените ( према упатството на нив), но малку покасно...
Финалната постапка е следнава
Врз испечената и оладената пандиспања го редиме овошјето и по желба во зависност од блажината на јагодите наросуваме шекер во прав, врз нив го истураме жешкиот пудинг, оставаме убаво да се излади и здрви пудингот ( цела ноќ во фрижидер за одржување) и потоа ја нанесуваме шлаг кремата или пената...
*Можи да се користи и смрзнато овошје- капинки,како што користев и јас во случајов , а нив ги подготвуваме на следниов начин
-Околу 300гр. капинки преливаме со 50 мл. вода и 5-6 супени лажици шеќер. Вариме на тивок оган 5-7 мин. и во нив додаваме претходно растворени 2 суп. лажици нишесте во 50 мл. вода.Овој е со капинки...