Испечати

Посни триаголници со јаболка и аранчини

Посни триаголници со јаболка и аранчини

Состојки

  • 500 гр кори за баклава
  • Фил
  • 7 јаболка
  • 100гр суво грозје
  • 1 лажичка цимет
  • малку морско оревче
  • шеќер по потреба
  • 2 лажици гриз
  • 2 лажици аранчини

Подготовка

1. Фил
Сите состојки се мешаат во длабок сад. Само што не се става шеќер.
2. Се делат корите. Секоја кора се сечи на половина по должина. Се попрскува со масло и се става од филот по 1 полна лажица. На секое ставање од филот се става по 1 лајче шеќер(јас ставав половина лајче)врз него и  се врти како триаголниче.
Од овие кори излегуваат 30 триаголници. Се редат во подмачкан плех се попрскуваат со масло и се печат во загреана рерна на 200С/20мин.
Додека се топли се валкаат во шеќер во прав. На здравје!!!