Баклава со јогурт и вишни
Состојки
- 500 гр кори за баклава
- Фил
- 4 јајца
- 1 чаша(200мл) шеќер
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша масло
- 1 пециво
- 500 гр вишни
- Шербет
- 3 чаши шеќер
- 3 чаши вода
- сок од лимон
Подготовка
1. Секоја кора се попрскува со масло, а на секоја втора кора се става од филот по 2 кутлачи-убаво да се размачка. Така се редат сите кори.
Кога ќе се дојде до половина од корите се ставаат исчистените вишни и се продолжува со ставање пак на преостанатите кори. Значи кора, масло, кора фил, кора масло...
Се сече баклавата на коцки и се става да се печи во загреана рерна од 180С/30мин.
Се лади и се полива со топол шербет.
2. Шербет
Се вари шербет од вода и шеќер и сето тоа да врие 5мин. Се трга настрана и се цеди сок од половина лимон. Се остава малку да олади, значи шербетот да биде топол и се полива баклавата.
Се служи ладна баклава.На здравје!!!