Испечати

Бомбици со аранчини и суви кајсии

Бомбици со аранчини и суви кајсии

Состојки

  • 200 гр мелени суви кајсии
  • 100 гр сецкани аранчини
  • 150 гр мелени ореви
  • 100 гр мелени бисквити
  • 100 гр стопено чоколадо
  • околу 50 мл млеко
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 чоколада за декорација

Подготовка

Интересни бомбици кои ги правев за празниците.
Сите состојки се замесуваат со млекото, се меси убаво да се добие еднолична смеса.
Формираме бомбици и ги редиме на чинија.
Чоколадата ја топиме и декорираме по желба.