Домашни талјатели со бешамел од шампињони
Состојки
- Тесто
- 200гр. брашно
- 2 јајца
- За бешамел
- 400мл. млеко
- 30гр. путер
- 30гр. брашно
- 300гр. свежи шампињони
- по потреба сол, црн бибер
Подготовка
Од брашното и јајцата замесете тесто, завиткајте го во најлонска фолија и оставете да отстои 1 час во фрижидер.
Потоа со сукало расукајте правоаголна кора.
Посипете ја кората со брашно и завиткајте ја полабаво во ролат.
Исечете на парчиња, со ширина по ваша желба.
Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги талјателите да се варат.
Во меѓувреме подгответе го бешамелот.
Во тава на оган ставете го путерот да се растопи, па додајте го брашното.
Мешајте додека се позапржат, па додајте го стопленото млеко.
Посолете, наросете бибер и мешајте со жица додека бешамелот се згусти.
На крај додајте ги пропржените и изблендирани шампињони.
Откако талјателите ќе се сварат додајте ги во бешамелот и измешајте.