Испечати

Посна салата со макарони и посен прелив

Посна салата со макарони и посен прелив

Состојки

  • 500 гр макарони
  • 200 гр пченка
  • 100 гр морков
  • 1 парче брокула
  • Прелив
  • 500 мл вода (по потреба масло)
  • 3 лажици густин
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица сок од лимон

Подготовка

Се варат макароните заедно со морковот кој е сецкан на коцки и пченката. При крајот се додава брокулата само малку да се обари. Се цеди водата. Се посолува и се прелива со преливот.

Прелив
Во тенџере се става водата со мешан зачин(може и малку масло ). Се додава густинот и се вари додека да се згусне. Се става сол, бибер, зачин, сенф и лимон и се прелива салатата.
Се сервира и топла и ладна.