Испечати

Пролетна торта со јагоди

Пролетна торта со јагоди

Состојки

  • Кора
  • 4 јајца
  • 2 жолчки
  • 2 ванили,+малку сол на врв од нож
  • 300мл јогурт
  • 500 гр брашно
  • 2 пецива
  • 200гр путер
  • 200 гр шеќер
  • Фил
  • 200 гр шеќер
  • 875мл млеко
  • 40гр брашно
  • 2 ванили
  • 5 жолчки
  • 100гр бела чоколада
  • 250гр путер

Подготовка

1. Прво се прави филот. Во длабок сад се става 200мл млеко, брашно, шеќер и жолчки. Сето ова добро се меша и се додава во останатото зовриено млеко со постојано мешање. Се остава малку да олади и се додава чоколадата на парчиња искршена и путерот. Се меша за да се стопат и се покрива садот со провидна фолија да се олади. Кога ќе олади се мати филот со миксер да се добие сјаен и мазен крем. Ова може и одвечер да се направи.

2. Во длабок сад се става брашното, пецивото, солта, ванилата и јогуртот. Се мати со миксер 2 мин да се добие пена. Настрана се матат јајцата и жолчките и постепено се додаваат во првата смеса со брашното. Се истура во големиот плех од шпоретот и се печи во загреана релна на 180С/35мин. Се лади кората и се сечи на 4 ленти.

3. Секоја кора се попрскува со слатко од јагоди и се ставаат свежи јагоди или (јас ставив замрзнати јагоди преходно малку сварени со шеќер и 1 лажица нишесте) да се добие како густ џем. Се премачкува кората се става фил, па другата кора пак попрскана со слатко.
Одозгора се става шлаг и се украсува со шари наизменично со линии од црна чоколада и течноста од смрзнатите јагоди кои претходно е направено со нишесте и се повлекува со чачкалица да се направи мрежа. Наздравје!