Испечати

Солени палачинки со топено сирење

Солени палачинки со топено сирење

Состојки

  • 15 палачинки
  • Фил
  • 200 гр шунка
  • 150 гр изварок
  • 4 зденки
  • 200 гр мајонез
  • 150 гр кисела павлака
  • 1 јајце
  • Смеса за панирање
  • 1 јајце+малку млеко

Подготовка

Имаме готови 15 палачинки.
Се прави смесата за палачинките. Сите работи се мешаат да се добие една густа смеса. Бидејќи изварката е несолена треба да се стави сол според вашиот вкус.
На секоја палачинка се става 1 голема лажица фил и се мотаат палачинките. Оваа количина ви е доволна за 15 палачинки.
Смесата за панирање се прави така што во јајцето се става малку млеко и секоја палачинка се макнува во него, па потоа се увалкува во измешаното брашно со презла. Се пржат во врело масло од двете страни. На здравје!