Испечати

Пингвини од јајца

Пингвини од јајца

Состојки

  • 2 варени јајца
  • 4 маслинки
  • 1 морков
  • 4 чепкалки

Подготовка

Еве една идеја како да ги искористиме велигденските јајца и да ги израдуваме децата.
Од морковот правиме стапала односно ноџиња на пингвините, копчиња на телото и клун. Со чепкалка му ја прикачуваме маслинката на јајцето кое ќе биде глава на пингвинот. Една маслинка ја делиме со нож на половина и чепкалката ја делиме на половина и ги прикачуваме странично на јајцето. Со мајонез правиме очиња на пингвинот.
Е сега, поради тоа што имав две мали „пингвинчиња“ околу мене , кои нестрпливо чекаа, а и учествуваа во изработката и фотографирањето на пингвините, од брзање направив мала грешка односно очите на пингвините треба да бидат малку поголеми и да се постават некаде над клунот, за да се добие малку поголема сличност. Ќе ми простите , можеби не се баш најубави, ама навистина идејава сакав да ја споделам со вас, бидејќи се многу интересни и украсни за било која празнична трпеза, а особено за децата.
Моите деца беа навистина воодушевени, а и си ги каснаа набрзина.