Испечати

Ролатче од Ајдамер

Ролатче од Ајдамер

Состојки

  • 300гр.кашкавал Ајдамер
  • 250гр. тврдо, бело сирење
  • 150гр. шунка
  • 3-4 кисели краставички
  • 200гр. кисела павлака
  • малку црна пипер

Подготовка

Многу вкусно, а истовремено многу декоративно кога се сервира во ордевер.
Ќе ги изненадите гостите.

На хартија за печење во плех се редат парчињата кашкавал. Го покриваме плехот со фолија и ставаме во рерна да се печат 10мин., на 75 степени.
За тоа време го спремаме филот.
Сирењето го пасираме со вилушка, ги додаваме саламата и корнишончињата - ситно сецкани, павлаката, се убаво соединуваме, зачинуваме со црна пипер.

Растопениот Ајдамер со оклагија го развлекуваме во кора. Чекаме малку да подизлади, па нанесуваме од филот. Виткаме ролат, убаво стегнато. Го завиткуваме во фолија. Ставаме во фрижидер да се стегне и потполно излади ролатот.
Ги отсекуваме краевите и сечеме парчиња со дебелина од 1цм.
Тоа е тоа.