Гурманска плескавица
Состојки
- 1кг мешано мелено месо
- 4 главици кромид
- 1/2 врзло магданос
- 3 лажици лебни трошки
- 2 лажици буковец
- 2 лажички мешан зачин
- 1 лажичка бибер
- 1/2 лажичка оригано
- 300гр млечен кашкавал
- 50мл зејтин за формирање плескавиците
Подготовка
Ако сте љубители на домашна скара еве еден одличен рецепт за подготовка на плескавица со месо кои вие ќе си го одберете месото и сами ќе си го подготвите. Сами ќе знаете што сте ставиле без додавање на никакви сомнителни зачини и конзерванси.
Подготовка
Во сецко на почеток го мелеме кромидот и магдоносот (доколку немате сецко може да го исецкате ситно или да го изрендате кромидот) мешаме убаво. На оваа смеса ги додаваме сите горенаведени зачини. Морам да нагласам за да нема додатни прашања, во смесата јас не додавам јајца и тоа веќе подолг период, јајца ставам во смеса од мелено месо само за ќофтиња (кои се варат, пржат и печат во рерна).
Откако ја замесивме смесата оделуваме осум идентични топчиња. Доколку сакате прецизност секое топче нека биде по 125гр. Ги формираме во плескавици и ги оставаме во фрижидер 24часа. За формирање на плескавиците користете по малку зејтин.
Наредниот ден на четири плескавици им додаваме тенко сечен кашкавал и ги затвараме со останатите плескавици значи добиваме четири плескавици од 250гр.
Плескавиците ги спремавме на скара предходно премачкани со зејтин..
Ги јадеме со прилог и салата по желба во мојот случај печени компири и шопска салата.
Добар апетит!!!