Парена торта со цимет
Состојки
- 8 јајца
- 8 лажици шеќер
- 1 паковка ванила
- 1/2 лажиче цимет
- 1 паковка пециво
- 14 лажици гриз
- 3 лажици брашно
- шербет
- 1 кг шеќер
- 1 кг вода
Подготовка
Една вкусна тортичка, од која не останува ни едно парче во нашиот дом.
Парена торта која верувам ја подготвуваат повеќе од нас, но сите на различен начин.
Еве го мојот начин.
Се матат со миксер јајцата со шеќерот.
Откако добро ќе стане пенеста смесата, се доставуваат гризот брашното и пецивото, ванилата и циметот.
Да напоменам дека миксерот го исклучувате кога ставате брашно.
Вака подготвената смеса ја префрлате во намастен и набрашнет сад и оставате да се пече.
Откако ќе добие златеста боја, проверувајќи со чепкалка и утврдите дека е печена вадите од рерна и оставате да излади.
Подготвувате стандарт шербет и преливате со шербетот.
Значи како и обично, едното да е ладно, а другото топло.
Јас ставив домашни јајца, па испадна како алтан жолта.
Сечете во коцки или како сакате, па служете изладена.
На здравје