Тортиљи со зеленчук и сланина
Состојки
- 3 тортиљи
- 1 тиквичка
- 1 страк праз
- 3 моркови
- 2 чешниња лук
- 100гр. тенки кругови чадена сланина
- по потреба сол, бибер, маслиново масло
- За бешамел
- 200мл. млеко
- 15гр. путер
- 15гр. брашно
- прстофат сол
- малку бибер, морско оревче
Подготовка
Зеленчукот измијте го, а потоа со лупалка за компири исечете ги тиквичката и морковите на тенки листови.
Празот исецкајте го на тенки стапчиња.
Во тава на оган ставете маслиново масло и додајте го исецканиот зеленчук.
Додајте го и сецканото лукче.
Посолете и наросете црн бибер.
Во текот на пржењето додајте и малку вода за да зеленчукот омекне поубаво.
Откако ќе се испржи тргнете ја тавата од оган.
Во друга тава ставете ја сланината и пржете додека сртане крцкава.
Во тенџере на оган ставете го путерот да се растопи, па додајте го брашното.
Откако ќе се запржат додајте го стопленото млеко.
Мешајте со жица додека бешамелот се згусти.
Додајте прстофат сол, бибер, малку морско оревче и измешајте.
Тортиљите стоплете ги од двете страни.
На едната половина од секоја тортиља нанесете од зеленчукот, одозгора ставете парчиња сланина и на крај од бешамелот.
Поклопете ги тортиљите и послужете.