Испечати

Данско солено пециво

Данско солено пециво

Состојки

  • 250 мл млеко
  • 250 мл вода
  • 1 квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1лажиче пециво
  • 100 мл масло
  • 1 кгр брашно
  • за премачкување на коричките
  • 2 жолчки
  • 150 гр маргарин
  • фил 1
  • 100 гр сецкана шунка
  • 100 гр сецкан кашкавал
  • 80 мл кечап
  • 1 лажиче оригано
  • фил 2
  • 200 гр урда
  • 2 белки за премачкување на пецивото

Подготовка

Прво се мати маргаринот и му се додаваат 2 жолчки.
Се остава на страна.
Во млакото млеко се става малку шеќер, малку брашно и квасецот.
Се остава квасецот да втаса.
Потоа се додаваат другите состојки и се замесува средно тесто.
Се остава да кисни 20 минути.
Потоа тестото се дели на 10 ѓузлемина.
Секое се расукува во мала коричка.
Се премачкуваат 8 корички со изматениот мрагарин и се редат на 2 места по 5 корички.
Значи горната кора не се премачкува.
На страна се прави 1 фил.
Од првото купче се сучи голема правоаголна кора.
Врз неа се нанесува фил 1.
Се витка како ролат.
Се истегнува со рацете, за да биде што потанок ролатот.
се сечи на парчиња, кои легнато се ставаат во плех за печење обложен со хартија.
се премачкуваат со 2 изматени белки.
Со другото купче се постапува исто.
Се сучи голема правпаголна кора. Врз неа се нанесува урдата во која по желба. Може да се додаде сол и 1 јајце.
Се завиткува во ролат.
Се сечи ролатот на триаголници.
Се редат во плех и се премачкуваат со изматена белка. По желба се наросуваат со афион.
Киснат 15 минути и се печат.
Многу вкусно пециво кое често го спремам за моите најмили.