Испечати

Кремаста црно-бела торта со газиран сок

Кремаста црно-бела торта со газиран сок

Состојки

  • за црно тесто
  • 10 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 50мл зејтин
  • 150мл газиран црн сок
  • 5огр мелени лешници
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 100гр млечна чоколада
  • 3 лажички какао
  • 200гр брашно
  • 2 лажици густин
  • за бело тесто
  • 10 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 100гр суво грозје
  • 100гр чоколада за готвење
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици густин
  • Фил
  • 1200мл млеко
  • 300гр шеќер
  • 4 пудинга од чоколадо
  • 3 лажици густин
  • 100гр млечна чоколада
  • 50гр сецкани лешници
  • 5 крем бананки
  • 500мл слатка павлака

Подготовка

Тортава е дел од мојата кујна еден подолг период ја подготвувам за различни свечености.
Подготовка на филот
1. На почеток започнувам со подготовка на филот од млекото оделуваме 200мил. додека останатото го зовриваме заедно со шеќерот. Во ладното млеко ги мешаме четирите пудинга и густинот и полека ги додаваме во млекото кое врие. Откако добивме густ пудинг тргаме на страна и го додаваме чоколадото заедно со лешникот.
Слатката павлака ја матиме и ја додаваме во ладниот фил и повторно матиме, на крај ги додаваме сецканите крем бананки.

Подготовка на белото тесто
2. Рерната ја загреваме на 180 степени белките ги матиме пенасто и полека лажица по лажица сипуваме шеќер добиваме густа пена. Во белките го сипуваме брашното и густинот мешаме со шпатула и ги додаваме сувото грозје и чоколадата. Смесата ја сипуваме во плех со големина на рерната обложена со хартија. Печеме петнаесет минути на 180степени, а потоа намалуваме на 150 уште триесет минути. Кората ја сечеме на половина и добиваме две кори.

Подготовка на црното тесто
3. Жолчките ги матиме пенасто заедно со шеќерот, потоа ги додаваме зејтинот, газираниот сок, мелените лешници и топеното чоколадо.
Сувите состојки брашното, густинот, какаото прашокот за пециво ги додаваме пополека и мешаме. Смесата ја сипуваме во плех со големина на рерна и печеме на 180 половина час. Кората ја сечеме на половина и добиваме две теста.
Тортата ја филуваме по желба во мојот случај почнав со црно тесто така и завршив на средина ги ставив белите теста.

Доколку сте љубители на кремасти сочни торти оваа е една од нив, од неа се вадат триесетина солидни парчиња.
Добар апетит!!!!!