Испечати

Фарбање јајца со ориз

Фарбање јајца со ориз

Состојки

  • бели варени јајца
  • 1 лажица ориз за секое јајце
  • парчиња исечени хулахопки
  • бои за фарбање

Подготовка

Во парчињата хулахопки ставете по една лажица ориз и додека ја собирате хулахопката да ја врзете распоредувајте го оризот по целата површина на јајцето. Ако ставите помалку ориз ќе добиете како зеленото јајце на сликата (мене така ми е поубаво). Цврсто врзете, и јајцето е спремно за фарбање. Постапката за фарбање е иста како и за обичните јајца.
Кога ќе го извадите јајцето од фарбата оставете го само кратко да се исцеди и веднаш извадете го од хулахопката и тргнете го оризот. Ставете го да се суши и премачкајте го со малку масло за сјај.

Хулахопките не треба да бидат скинати, ќе излегува оризот =)