Испечати

Цртани и шеќерни велигденски јајца

Цртани и шеќерни велигденски јајца

Состојки

  • Јајца, кафени и бели
  • боја за јајца
  • кристали за јајца
  • фломастери

Подготовка

Декорирањето ми е слабост и секогаш сакам да ги радувам и изненадувам блиските и пријателите. Син ми е сеуште мал за да можеме заедно да цртаме и декорираме велигденски јајца така оваа година решив да го израдувам со неговите омилени цртани ликови и животинки воопшто. Цртањето не мора да е правилно да биде којзнае каква животинска фигура. Особено смешните животинки можат многу лесно да се прецртаат или едноставно да се ослободи нашата бујна имагинација. Доколку тоа оди тешко, може да се нацртаат цветови, геометриски форми во разни бои или најденоставно да се залепат декоративни сликички кои сигурно ќе го израдуваат вашето малечко.
Овие бели јајца претходно сварени и оладени ги цртав со фломастери, претежно со фломастер во црна боја. Не е пожелно фломастерот да содржи премногу алкохол оти се разложува бојата на текстурата на јајцето. После неколку повлечени линии треба да се остави јајцето да се исуши, па да се продолжи како не би дошло до мешање на боите.
За т.н шеќерни јајца користев кафени јајца (искуството ми покажало дека на белите јајца кристалите не се задржуваат толку), се варат најпрво јајцата на тивок оган за да не испукаат пред крај на варењето се ставаат кристалите. Jас имав две кесички кристали и ги истурив врз 10 јајца. Се исклучува шпретот и се оставаат јајцата да се оладат во тенџерето. Во плитки садови се раствораат саканите бои се додава малку оцет и се брцнува јајцето до половина се задржува некое време и се остава на страна да се исуши, потоа постапката се повторува од другата страна може во истата а може и во различна боја.
Се надевам ќе ви се допаднат идеите. Ви поскувам среќни велигденски празници и нека ни е за многу години празникот.