Испечати

Мини пици со сув квасец

Мини пици со сув квасец

Состојки

  • 1 пакетче сув квасец
  • 700гр. брашно
  • 2 јајца
  • 50мл. масло
  • 1 лажиче сол
  • 200мл. млеко
  • 50гр. сусам
  • 200гр. рендан кашкавал
  • 200гр. сецкана салама
  • 5 лажици кечап

Подготовка

Брашното се замесува со квасецот, млекото, маслото, солта и јајцата. Се замесува средно меко тесто и се остава да стаса. Потоа го месиме и сучиме кора, се сечат форми со чаша и секоја форма се полни со филот од кашкавал, салама и кечап. По желба додадете и оригано. Се оставаат пак да стасаат формите се премачкуват со јајце и сусам и се печат на 180 степени околу 25 мин.По желба наместо овај фил,ставете сирење.