Колач со цреши од компот
Состојки
- Бисквит
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици гриз
- 1 лажица брашно
- 1/2 пециво
- Крем
- 1/2 литар млеко
- 1 пудинг од ванила
- 4 лажици шеќер
- 2 лажици густин
- Други состојки
- по потреба сок од компот од цреши
- по потреба цреши од компот
Подготовка
Во подлабок сад изматете ги јајцата со шеќерот.
Потоа додајте го гризот, брашното и пецивото и кратко проматете со миксер на најмала брзина.
Смесата истурете ја во округол калап и печете на 180 степени, околу 20-25 минути, но најдобро проверете со чепкалка.
Оставете малку да се подолади.
Во меѓувреме направете го филот.
Со дел од млекото растворете го пудингот со шеќерот и густинот.
Остатокот загрејте го до зовривање и додајте го растворениот пудинг.
Мешајте додека кремот се згусти.
На подлога за торта ставете го бисквитот и посипете го со сок од компотот.
Одозгора ставете ги цршите(со отстранети семки), па посипете со топлиот крем.
Оставете го да се олади на собна температура, а потоа ставете го малку во фрижидер.