Испечати

Велигденски украси

Велигденски украси

Состојки

  • неколку јајца
  • неколку стапчиња за раженчиња
  • по потреба боја за јајца
  • 1 медицински шприц
  • малку памук
  • по потреба течно лепило

Подготовка

Украси на кои многу им се радуваат најмалите...

Јајцата со остар нож ( или со некој остар предмет на пр. како сврдле) се потчукнуваат на врвот и дното и им се прави мал отвор.Потоа со стапче за раженче, внимателно се прошируваат отворите, за да можи низ едниот да се дувне, преку уста, да навлези воздух, а од другиот отвор да истечи јајцето.

Потоа јајцето се мие, повторно се дувнува во него за да истечи водата.

Се ставаат во боја (растворена на стандарден начин), се вапцуваат (бојадисуваат или фарбаат) и се вадат да се исушат.
Потребно е пак да се пушти воздух. Ако ви е згодно тоа можи да се направи и со шприц и игла-медицински.

Откако се суви јајцата, се земаат стапчињата, на врвот им се става малку памукче, убаво стегнато за да го собира низ врвот и се става во празното јајце. Исто и на долниот отвор се става малку памукче и можи со течно лепило да се подзалепи, за убаво да се фиксира стапчето...
Бидејки се во боја јајцата, на нив одговара само да се стави најлонска фолија или самолепливо сличе.
Доколку се бели можи да се цртаат со темпера или да се залепат со исецен мотив од салфетка и премацкан со белка-декопаж техника.
А, потоа доукрасете си по желба.