Испечати

Свежа салата

Свежа салата

Состојки

  • 2-3 зелени пиперки
  • 2-3 црвени домати
  • 2-3 краставици
  • 3 јајца
  • 3 роквици
  • 200гр. сирење
  • 1 пакетче брускети бејк ролс
  • по вкус сол
  • по потреба маслиново или обично масло
  • * Јас си додавам и малку оцет балсамико, тоа по желба...

Подготовка

Еден предлог за свежа салата за престојниве денови, каде ќе можиме да ги трошиме велигденските јајца.
Верувам многумина од вас ја подготвуваат, нека биде ова како едно потсетување.

Пиперките и роквиците се дробат на кругчиња, а другите состојки се сецкаат на коцки. Се додава и бејк ролсот, се посолува, се попрсува со маслото, лесно се промешува и се сервира.

На здравје!