Испечати

Празнични мафини

Празнични мафини

Состојки

  • Тесто
  • 3 јајца
  • 150гр шеќер
  • 100гр путер
  • 100гр чоколада за готвење
  • 200мл млеко
  • 150гр брашно
  • 3 лажички какао
  • 1 ванила
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1/2лажичка соба бикарбона
  • 100гр млечна чоколада
  • за кремот
  • 500мл млеко
  • 100гр шеќер
  • 1 пудинг од чоколада
  • 2 лажици густин
  • 50гр чоколада
  • 150гр слатка павлака
  • 50гр печен лешник
  • декорација
  • 100гр чоколадни топчиња
  • 50гр печен лешник

Подготовка

Убави декоративни мафини преубаво ја збогатуваат велигденската трпеза.
Подготовка
1. Јајцата ги матиме со шеќерот. Откако добивте убава цврста крема додадете го млекото и путерот со чоколадото кои предходно сме ги стопиле на тивок огин или на пареа.
2. Сувите состојки брашното, содата, пецивото, ванилата и какаото ги мешаме и полека ги додаваме на течната смеса и мешаме со шпатула.
3. Млечната чоколада ситно ја сецкаме, во секоја корпа со лажица за сладолед пуштаме до половина на корпата смесата за мафини, а врз неа ставаме ситно сецкана чоколада. Печеме на 180степени 15 до 20 минути.

Подготовка на кремот
Оделуваме мала количина од млекото, а останатото го загреваме.
Во ладното млеко го ставаме пудингот и густинот ,шеќерта ја ставаме во врелото млеко да се стопи. Кога млекото ќе зоврие полека го сипуваме пудингот и добиваме густ крем.
Слатката павлака ја матиме и ја додаваме во ладниот крем во него го додаваме и лешникот предходно мелен, но може да има и некои покрупни парчиња. Чоколадата ја рендаме и исто ја додаваме во филот, со вака подготвениот фил се филува секој мафин и врз секој ставаме по неколку чоколадни топчиња и малку сецкан лешник.

Забелешка
Од смесата испеков дванаесет големи и дваесет помали мафини се зависи какви корпички за мафини имате. Украсувањето може да биде по ваша желба може да се украсат со шарени топчиња.
Добар апетит и среќни Велигденски празници!!!!!