Испечати

Марципан торта

Марципан торта

Состојки

  • 5 јајца
  • 7 мали филџани ( за кафе-100 мл) шеќер
  • 3,5 мали филџани масло
  • 4 мали филџани млеко
  • 7 мали филџани брашно
  • 5 мали филџани мелени ореви
  • 1 пециво
  • фил за премачкување на испеченото тесто
  • 125 гр маргарин
  • 125 гр млеко
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр црно чоколадо
  • 150 гр мелен орев

Подготовка

Прво во вангличка се ставаат јајцата со шеќерот и се матат малку подолго, околу 10 минути, односно се додека не се растопи шеќерот.
Потоа постепено се додаваат течните, па сувите состојки.
Лесно се промешува со лажица и смесата се истура во калап, обложен со хартија и се печи. Се лади.

За филот во тенџере на оган се ставаат млекото, шеќерот, маргаринот да провријаат 1-2 минути. Потоа се додаваат чоколадото да се растопи и оревите. Убаво се соединува.
Овој фил се нанесува врз испечениот колач. Се сечи на коцки.
Напомена – се користи еден ист мал филџан за сите продукти.

Многу мек и вкусен колач од богатството на ореви.
Често спреман во мојот дом за Велигденската трпеза.