Испечати

Брз колач со јаболки

Брз колач со јаболки

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 шоља (200мл) шеќер
  • 1 шоља (200мл) брашно
  • 1 шоља (200мл) млеко
  • 2 шољи рендани јаболки (окулу 400-500гр)
  • 1 шоља (200мл) гриз
  • половина шоља масло
  • 1 пакетче (8-10гр) прашак за пециво
  • 1 пакетче (8-10 гр) ванила
  • цимет по желба
  • за посипување шеќер во прав или стопено чоколадо

Подготовка

Еден од моите најомилени начини на готвење СО ШОЉА И НАБРЗИНКА =))

Едноставен рецепт кој често си го приготвуваме по дома.
За да им биде поинтересно на пилиштарците, го печам во силиконски калапчиња. Снешкото од калапчињата на Делимано е најбаран, а и ушите на зајчето не се далеку на листата омилени =))

Јајцата убаво се матат, да се згуснат. Се додава шеќерот, па маслото и се мати минута две, па се продолжува со додавање на млекото, брашното, гризот, прецивото, ванилата и циметот. На крај се додаваат јаболките и се меша со лажица.

Се пече во загреана рерна 30ина мин на 200 степени или во зависност од рерната.
Бидејки го приготвувам само во силиконски калапчиња, не можам да кажам точно во која големина на сад може да се пече.

По желба може да се нароси со шеќер во прав или да се прелее со стопено чоколадо. Шеќерот во прав мене ми е полесната варијанта. Кој ќе мие садови после чоколадото =))