Топчиња од јаболки (посно, веган)
Состојки
- 1кг јаболка
- 500гр шеќер
- 200гр портокал (сокот)
- 200мл вода
- 50гр мелени печени бадеми
- цимет по вкус
- кокос за валкање (окулу 100гр)
Подготовка
Овој рецепт стои запишан во мојот тефтер 4-5 години. Никако да дојде на ред да се проба.
Е па еве конечно се проба. Иако домов ни е атеистично не постачки, ни доаѓаат гости кои постат, па секогаш се трудам да им приготвам нешто убаво.
Лесно за подготовка и малку досадничко бидејки треба да се меша (зева од досада)
На оган се става водата со шеќерот убаво да зовријат и да згуснат. Јас го користев Делимано длабокиот сад до рачки.
Додека водата и шеќерот се варат, се рендаат јаболките и се цеди сокот од портокалите.
Се додаваат во садот со шербетот и се вари додека не згусне убаво (дополнителна слика)
На крај се додаваат мелените бадеми и циметот и повторно убаво се промешува за да се соедини.
Се остава смесата да се олади и се прават бомбици кои се валкаат во кокос.
Рок на траење ми личи како да немаат. Прво стоеа во фрижидер скоро една недела, а сега за тест имам оставено на собна температура 4 топчиња и не се расипуваат. Како желе се.
Ако немате мелени бадеми, може а ставите некое друго јаткасто овошје, ореви или кикирики. Убав шмек им дава.
Ако ме снема извесно време, не паничете. Не е од топчињата. Два диносауруси ми рикаат по дома =))