Полнети полжавчиња со месо и компири
Состојки
- 1 пресен квасец
- 700гр. брашно
- 100мл. масло
- 300мл. млако млеко
- 1 главица кромид
- 200гр. печурки
- 500гр. мелено месо
- 2 компири
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка црн пипер
- 1/2 лажичка оригано
- 50гр. маргарин
Подготовка
Надојдениот квасец го земесуваме со брашното, маслото и млекото.
Месиме да добиеме изедначено тесо и го оставаме да надојди.
Во меѓувреме го правиме филот. Го запржуваме ситно сецканиот кромид и го додаваме месото, сецканите компири, печурките и зачините.
Кога тестото е стасано го делиме на пет ако сакате поголеми или на седум пупалина ако сакате помали переци. Секое пупале го премачкуваме со маргарин, го сучиме го филоваме и го виткаме во ролат, а потоа правиме полжавче. Ги оставаме полжавчињата пак да стасаат и ги печиме на 180 степени околу 30 мин.
Одличен појадок со чаша јогуртче,а често пати и ручек,на здравје.