Испечати

Мрзлива пита со компири

Мрзлива пита со компири

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 компир од околу 100гр.
  • 50мл. млеко
  • 50гр. рендано кравјо сирење
  • 1 лажица маслиново масло
  • по потреба сол

Подготовка

Брз и вкусен појадок кој често е приготвуван кај нас.
1. Скршете ги јајцата и изматете ги со сол. Додајте го ренданото сирење и мешајте ја смесата со вилушка. На крајот додајте го млекото, полека мешајќи со вилушката. Премачкајте една тава за печење со маслиновото масло.
2. Сварете го компирот и исечете го на тенки кришки. Додајте ги на смесата со јајца. Додајте малку масло и малку сол, па префрлете ја смесата во тавата за печење. Печете ја 15 до 20 минути на 180 степени во загреана рерна или додека не зарумени.
Љубителите на кромидче секако може да си додадат 1 мало кромидче, бидејќи кај мене дома не ја сакаат со кромид не ја ни правам. Си јадеме кромид не да не си јадеме, ама во питава некако не ни оди има некоја јака миризба.
Добар апетит!