Испечати

Фарбање јајца со креп хартија

Фарбање јајца со креп хартија

Состојки

  • јајца по потреба
  • креп хартија неколку парчиња различи бои
  • чаша алкохолен оцет
  • 1 стаклена тегла

Подготовка

Едноставен и малку поразличен начин на фарбање со кој се добиваат убави декоративни јајца.
Јајцата се мијат и се ставаат убаво да се сварат. Поубаво е да се користат бели јајца за да се добијат поубави нијанси од хартијата.
Во чинија на страна се истура оцет-да биде чинијата полна одприлика 1/3.
Креп хартијата се сече на ленти.
Одкако ќе се сварат јајцата се зема едно јајце и уште врело се обвиткува со различни парчиња од хартијата.
Пред да се стави на јајцето хартијата се потопува во оцетот и убаво се прилепува за јајцето. Вака обвиткани јајцата се ставаат во стаклена тегла или порцелански сад и се оставаат да се исушат. Од како ќе се исуши хартијата (околу 30 минути) се одстранува од јајцето и одкако ќе се оладат јајцата се премачкуваат со памук натопен во зејтин.
Има повеќе видови на креп хартија-некои полесно испуштаат боја, а некои не. Јас користев од потенката.