Колачиња Делимано
Состојки
- 1 кг брашно
- 500 гр маргарин
- 300 гр шеќер
- 1 прашок за пециво
- 4 јајца
Подготовка
Од наведените состојки се замесува тесто.
Потоа се расукува кора во дебелина од 5 мм.
Со помош на калапу, во овој случај се употребени Делимано калапите, се вадат колачиња.
Се ставаат во плех претходно обложен со хартија.
Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 10 мин,треба само да зарумени долниот дел од колачињата, а тие остануваат бели.
Се декорираат по желба, може со топена чоколада да се лепат по две, може и со мармалад...