Испечати

Посна Реформ торта - Велигденски десерт

Посна Реформ торта - Велигденски десерт

Состојки

  • Пандишпан
  • 200 гр мелени ореви
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр мед
  • 40 гр чоколада за готвење
  • 30 гр ванилин шеќер
  • 200 мл минерална вода
  • 150 мл масло за готвење
  • 10 гр пециво
  • 300 гр брашно
  • Фил
  • 450 гр шеќер
  • 450 гр мелени ореви
  • 40 гр чоколада за готвење
  • 30 гр ванилин шеќер
  • 200 гр маргарин
  • Глазура
  • 50 гр чоколада за готвење
  • 200 гр мелени ореви

Подготовка

Пандишпан
Шеќерот, чоколадото за готвење, ванилин шеќер и медот се мешаат со минералната вода на оган додека добро да се соединат, потоа се додаваат мелените ореви, маслото за готвење, пециво и брашното и сето тоа заедно се меша да се соедини.
Се пече во четириаголен сад за печење, на хартија за печење, на температура од 200 степени.

Фил
Шеќерот се вари со малку вода за да се стопи, па во него се додаваат мелените ореви и чоколадата за готвење - сето тоа добро се меша и се остава да се олади.
Во оладената смеса се додава маргаринот и ванилата и сето тоа се меша со миксер добро да се соедини.

Испечениот пандишпан се сече на три дела и се филува.
Глазура се прави од чоколадо за готвење и мелени ореви странично или зависно од вашата желба и креативност.