Испечати

Чоко - оранж розен колач

Чоко - оранж розен колач

Состојки

  • 1 паковање розен кори
  • фил
  • 400 гр шеќер
  • 300 мл вода
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр бело чоколадо
  • 200 гр мелени бисквити
  • 200 гр мелени ореви
  • 2 смрзнати портокали
  • Глазура
  • 100 гр бело чоколадо
  • 3 лажици масло

Подготовка

Се мелат оревите и бисквитите. Портокалите се замрзнуваат и се рендат со кората.
Се вари шеќерот со водата и тоа да врие 10мин.
Се трга настрана и се додава маргаринот и белото чоколадо. Се меша. Кога малку ќе олади се додаваат оревите, бисквитите и смрзнатите портокали.
Се филуваат корите со млак фил. Одозгора се прелива со глазура од бело чоколадо и 3 лаж.масло.
Добро се оладува колачот и се сечи на коцки. На здравје!