Црно бели Велигденски колачиња
Состојки
- бадем колачиња
- 1 белка
- 50 гр шеќер
- 150 гр фино мелен бадем
- 100 гр мелени бисквити
- 100 гр бело чоколадо
- 1-2 лажици млеко
- 2-3 капки екстракт од бадем или лимон
- 150 гр црно чоколадо
- 2-3 лажици масло
- 30 зрна бланширан и лупен бадем
- Бели бомбици
- 1 белка
- 50 гр шеќер
- 100 гр бело чоколадо
- 1 лажица путер
- 70 гр мелен орев
- 70 гр мелен бадем
- 70 гр мелен лешник
- 1 лажиче сок од портокал
- 150 гр бело чоколадо
- 2-3 лажици масло
Подготовка
Бадем колачиња
Прво се мати белката, се додаваат шеќерот, растопеното бело чоколадо, млекото, екстрактот, бадемите, бисквитите.
Убаво сето се изработува со рака.
Се нанесува смесата на даска за колачи и со помош на форма- калапче се вадат форми на бадем.
Се оставааат 1 час да се просушат на воздух, па се потопуваат во растопено чоколадо и се украсуваат со ливчиња бланширан бадем.
Бели бомбици
Прво се мати белката, се додаваат шеќерот, чоколадото бело, кората од портокал, сокот, бадемите, оревите и лешниците.
Убаво се изработува со рака.
Се формираат бомбици и се редат на послужавник.
Потоа се потопуваат во растопено бело чоколадо.
Се декорираат по желба.
Ова е мојот предлог за ситни колачи без кои Велигденската трпеза не може да се замисли.