Мини колачи со ѓумбир и бело чоколадо - White Cupcakes
Состојки
- 3 јајца
- 9 лажици шеќер
- 15 лажици брашно
- 60гр. кандиран ѓумбир
- 60гр. мешано кандирано овошје
- 1 лажица прашок за печиво
- 1 лажица лимончело или сок од лимон
- За кремот
- 250гр. путер на собна температура
- 2 жолчки
- 250гр. шеќер во прав
- 100гр. квалитетно бело чоколадо
- За украсување
- 50гр. конфети од шеќер
Подготовка
Еве ви еден предлог за лесни и брзи мини колачи за Велигденската треза.
1. Вклучете ја рерната на 180 степени.
2. Кандираното овошје и ѓумбирот исечкајте ги на ситно и залијте ги со лимончелото (ако немате лимончело добра замена е сокот од и лимон) и оставете ги да постојат така 5 до 10 минути, а потоа исцедете ги.
3. Јајцата и шеќерот матете ги со миксер додека смесата не стане пенеста.
4. Прашокот за печиво,брашното и исцеденото кандирано овошје прво промешајте г, а потоа додајте ги во садот кај јајцата и мешајте со жица за матење додека смесата не стане хомогена.
5. Смесата префрлете ја во калап за мафини кој претходно сте го премачкале со путер и набрашниле.
6. Печиме 25 до 30 минути или додека не добијат златеста боја или пак пробајте на стариот добар начин со чепкалка дали се готови.
Испечените колачи ги оставаме да оладат, а во меѓувреме го подготвуваме кремот.
1. Чоколадото го топиме на пареа и оставаме да се лади додека го матиме путерот.
2. Путерот го матиме со миксер додека не стане пенест, а потоа ги додаваме жолчките една по една и континуирано матиме со миксерот. На крај го додаваме и изладеното чоколадо и матиме уште малку додека кремата стане хомогена.
Кремата ја префрламе во готварски шприц и ги декорираме колачите.
На крај поросувамке и од конфетите од шеќер.
Излегуваат 12 колачи.
Морам да спомнам дека го користев ѓумбирот спремен по рецепт на Лилјана која и се заблагодарувам и поздравувам.
Добар апетит и Среќни празници.