Испечати

Видео рецепт: Тирамису со арома на лимон и виски

Видео рецепт: Тирамису со арома на лимон и виски

Состојки

  • 4 јајца
  • 400 гр. Пишкоти
  • 500 гр. Маскарпоне
  • 1 шолја кафе
  • кора од 1 лимон
  • 50 мл. Бурбон/Виски
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 8 лажици шеќер
  • какао за наросување

Фичо ќе ни покаже како тој прави Тирамису, еден од најомилените десерти кај нас и во светот!

Подготовка

Чекор 1: Одделете четири жолчки од четири белки.

Во сад на пареа ставете четири жолчки со четири лажици шеќер и брзо матете додека не добиете крем. Потоа додадете една доза ароматично виски и матете уште малку.

Со миксерот изматете четири белки со четири лажици шеќер, додека на добиете снег од белки. Потоа додадете една лажичка екстракт од ванила и матете уште малку.

Чекор 2: Потоа на кремот од жолчки додадете го Маскарпоне сирењето и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Не го заменувате Маскарпоне сирењето со друг млечен производ.

Откако ќе добиете мазна смеса, му го додавате снегот од белки и мешате додека не се соединат двата крема.

Чекор 3: Во длабока чинија ставате една шолја млеко и во неа растворате инстант кафе (една и пол лажичка). Ако немате инстант кафе или млеко, може да употребите кафе по желба.

Земате две паковања пишкоти. Секоја пишкота потопете ја во кафето и редете ги во големата тава за печење од Делимано (како што го прави тоа Фичо во видеото). Откако ќе наредите еден ред, прелејте со крем и одозгора наредете уште еден ред со пишкоти и повторно прелејте со крем.

Потоа изрендајте кора од еден лимон и одозгора наросете со какао.

Чекор 4: Сервирајте по желба, со салата Ставете го Тирамису-то во фрижидер најмалку 2 саати. Потоа послужете по желба.

СОВЕТ: Има разни варијации на рецепти за Тирамису, повеќе се работи за менување на аромите. Пробајте ја оваа верзија, или споделете ја вашата!