Ролат со мелено месо,јајца и сланина
Состојки
- 500гр. мешано мелено месо
- 1 главица кромид
- 7 варени јајца
- 12 парчина сланина
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка мешан сув зачин
- 1 лажичка црвена пипер буковец
- 1/2 филџан масло
- 150гр. рендан кашкавал
- 5-6 корнишони
Подготовка
Нјапрво го сецкаме ситно кромидот ги додаваме зачините и го додаваме меленото месо. Го оставаме кратко во фрижидер околу 15 мин.
Калапот во кој ќе го печиме ролатот го намрсуваме малку, редиме парчиња сланина. Кога ќе ја редиме сланината парчињата ги оставаме надвор со краевите од калапот за да можеме со истите после да го завршиме редењто.
Над сланината го ставаме меленото месо, потоа кашкавалот, корнишоните и најпосле варените јајца сечени на половина по должина. Кога ќе завршиме со редењето затвораме со парчињата сланина.
Намрсуваме малку и ставаме да се печи на 200 степени околу 45 мин.
Идеја плус како да се искористат вишокот варени јајца од Велигден.