Испечати

Свинско во сос од моркови и печурки

Свинско во сос од моркови и печурки

Состојки

  • 1кг. свинска удина од бут
  • 400гр. моркови
  • 600гр. печурки од тегла
  • 1 китка магдонос
  • 3-4 парченца лук
  • 1 цела кисела павлака(180гр.)
  • 3 лажици брашно
  • 1,200гр вода (од прилика)
  • 1 лажичка сув зачин,малку црн пипер

Подготовка

Наспроти пинерлиите, еве еден многу убав начин за подготовка на свинско во рерна-свекрвин рецепт, ама навистина добар и мој втор предлог за претстојните празници.

Удината се сечи на поситни парчиња, се вари во водата во која ги ставаме зачините, свареното месо, се вади со лажица решетка и се става врз сито добро да се исцеди во водата во која се вареше се додаваат морковите сечени на тркалца и откако ќе поварат 10 тина минтуки додаваме печурки. При крај пред да се сварат се става сечкан магдоносот и лукчето
Се вади од оган и се става павлаката (водата во овај рецепт не е фиктивна мерка, ќе видите како се испарува, на крај кога се стави павлаката треб да се добие густичка смеса како јогурт од прилика доколку во тек на варењето подиспри и сметате оти не е доволно за сите продукти да се сварат во истата вода, може да се долева по малку).
Месото кое се исцедило од течност се валка во брашно (тука во оригинал рецептот следува пропржување на малку масло за кратко - кое јас го избегнувам), се подготвува огноотпорен сад се распоредува рамномерно месото внатре и одозгора се налева сосот, така се става во рерна на 200 да си се потпечи,ваш е изборот на прилог и вино....на здравје