Бомбици замесени со банани
Состојки
- 200 гр мелени бисквити
- 100 гр шеќер во прав
- 1 чоколадно јајце
- 100 гр мелени ореви
- 1 престасана банана
- 100 гр кокос за валкање
Подготовка
Оревите ги мелиме на машинка.
Бисквитите ги мелиме на машинка
Чоколадното јајце го кршиме на ситни делчиња
Сето ова го додаваме во стаклен сад па посипуваме со шеќер во прав.
Замесуваме со престасана банана.
Правиме хомогена смеса и обликуваме топчиња.
Ако ви е лепливо додадете уште малку бисквит.
Готовите топчиња валкајте ги во кокос.
Служете во хартиени корпици.
На здравје