Јогуртли тава со јагнешко месо
Состојки
- 1500мл. овчко кисело млеко
- 6 јајца
- 50гр. ориз
- 2кг. јагнешко месо
- 2 лажици сол
- 1 лажичка црвена пипер-буковец
- 5-6 чешниња лук
- 100мл. бело вино
- 50мл. масло
Подготовка
Велигденскиот ручек кај нас не можи да помини без јагнешко и јогуртли тава.
Од вечер, значи преку ноќ, го приготвуваме месото. Го наслоуваме, внатре во место ставме парчиња лук и го премачкуваме со масло и пипер. Го налеваме со вино и го оставаме да отстои цела ноќ.
Наредниот ден го виткаме во фолија и го печиме во загреана рерна. Така завиткано го печиме околку 1 час, потоа ја вадиме фолијата и го печиме уште еден час вртејки го местото на двете страни.
Кога ќе се испечи месото го вадиме и го ставаме на страна, а во плехот во кој го печевме месото ги ставаме киселото млеко и јајцата биени и оризот. Печиме додека се направи оризот.Традиционален велигденски ручек.